Куомо го повика Трамп да издаде наредба за задолжително носење маски  во јавност


Куомо: Нема да се придржувам до наредбите на Трамп - МИА

Њујорк, 30 јуни 2020 () – Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо го повика американскиот претседател Доналд Трамп да издаде наредба за задолжително носење маски  во јавност и тој да носи и да биде пример за другите луѓе.

– Тоа го направивме во Њујорк пред два месеца, рече Куомо, додавајќи дека другите држави кои првично се спротивставија на таквата наредба сега го бараат тоа.

Центрите за контрола и спречување болести препорачуваат луѓето да носат заштитни маски во јавноста, особено таму каде што е тешко да се одржи физичка дистанца.

Трамп рече дека носењето маски е добро, но не и за него.

На средбата со градоначалниците, Куомо рече дека надлежните го преиспитуваат планот за тоа како да им се овозможи на луѓето да јадат во ресторани во затворен простор во Њујорк, без да го загрозат напредокот постигнат во намалување на бројот на заразени со коронавирусот.

– Јадењето во градините на ресторанот работеше многу добро, но се покажа дека во затворен простор е „проблематично“ во другите земји, рече Куомо.

Тој додаде дека државните службеници ќе се консултираат со сопствениците на ресторани и ќе донесат одлука за тоа во текот на утрешниот ден.

Градоначалникот Бил де Бласио рече дека градот е на пат да дозволи јадење во затворен простор со ограничен капацитет, почнувајќи од 6 јули, како дел од следната фаза на повторно отворање.

Куомо изјави дека ќе бидат потребни ефикасни филтри што можат да ги отстранат вирусите од системите за вентилација и ладење во сите трговски центри кои повторно ќе се отвораат.

– Вакви филтри ќе бидат инсталирани во центарот Баркли на доделувањето на наградите МТВ на 30 август, рече тој.

Куомо рече дека во текот на вчерашниот ден имало седум смртни случаи како последица на Ковид-19, а хоспитализирани се 853 лица, што е најмал број од почетокот на пандемијата.

Тој ги повика локалните власти да ги применат правилата за задолжително носење маски и физичка дистанца.

 

 


Коронавирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води - МИА
Вести

Сто триесет и шест новозаболени од Ковид-19, 123 оздравени, шест починати

Скопје, 12 јули 2020 () – Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што […]

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*