Кралицата Елизабета немала убаво мислење за Трамп поради негов коментар за принцезата Маргарет, пишува „Дејли мејл“

8658655.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кралицата Елизабета наводно го сметала Доналд Трамп за непистоен. Извор вклучен во организирањето на неговата посета на Обединетото Кралство во 2018 година со сопругата Меланија, изјави за „Дејли мејл“ дека реакцијата на кралицата била поврзана со коментарите што Трамп ги имал за сестрата на Елизабета, принцезата Маргарет.


Таа почина во 2002 година на 71-годишна возраст.

Трамп, наводно, и’ рекол на кралицата Елизабета дека „Маргарет мора да била карактерно тешка сестра“, што ја налутило кралицата и таа го сметала за навредлив неговиот коментар. Таа секогаш ја бранеше Маргарет.

Не е јасно зошто Трамп ја споменал, но во серијата на Нетфликс „Круната“, Маргарет беше прикажана како бунтовничка, нестабилна и огорчена за нејзиниот однос со кралицата Елизабета.

Британскиот таблоид пишува дека покојната кралица му рекла на еден гостин дека „особено не и се допаѓало како Трамп гледал преку нејзиното рамо, како да барал некој поинтересен“. Трамп вели дека нејзините негативни впечатоци се целосно лажни.

„Слушнав дека сум и бил омилен претседател. Имав одличен однос со кралицата. И’ се допаднав. Таа беше неверојатна жена“, изјави тој за „Дејли Мејл“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK