Ковид-19 е страшен, но можеби не е најлошата пандемија што ќе нè погоди


Националниот сојуз на глуви и наглуви обезбеди заштитни маски за членовите на здруженијата со поддршка на МТС - МИА

4 јуни 2020

WIRED

Здравствените агенции на Владата на САД во 2005 година беа опседнати со заканата од болеста што се ширеше низ светот, птичји грип Х5Н1, што од диви птици премина  на кокошки, а потоа на луѓе, убивајќи повеќе од половина од луѓето, кои немале среќа и се заразиле. Тоа беше втора меѓународна вонредна состојба во деценијата, по САРС во 2003 година, што почна од јужна Кина, зарази луѓе во околу 20 земји и ја чинеше економијата на пацифичкиот регион околу 40 милијарди долари.

Поттикната на акцијата од САРС и вознемирена од можноста птичјиот грип да предизвика терор, Владата на САД беше на работ да објави амбициозен план, Национална стратегија за пандемија на грип, за да  биде подготвена да се соочи со секоја брзорастечката епидемија. Но, епидемиологот Мајкл Т. Остерхолм од Министерството за здравство, директор на Центарот за истражување заразни болести на Универзитетот во Минесота, кој штотуку го завршуваше четиригодишниот мандат како специјален советник на секретарот за здравство Томи Г. Томпсон, не беше убеден дека САД или светот прават доволно.

Во статија за списанието „Форин аферс“, Остерхолм ги истакна проблемите на несоодветна подготовка во случај на пандемија низ светот. Пандемијата ќе ги затвори националните граници, ќе предизвика недостиг на основни производи, ќе ги уништи големите индустрии, ќе ги затвори кината, рестораните и училиштата. А потоа напиша: „Еден ден, кога пандемијата ќе дојде и ќе си замине, комисија слична на онаа што ги истражува нападите 9/11 ќе има обврска да утврди колку добро владите, компаниите и лидерите на јавното здравје биле подготвени за катастрофата за која беа предупредени. Каква ќе биде пресудата?“

Следната пандемија може да се појави во секој момент

По 15 години, предвидувањето на Остерхолм се покажа обесхрабувачки точно. Неговото предвидување дека на САД ќе им биде потребна комисија што ќе го истражува неуспешниот одговор на пандемијата, исто така, треба да се разгледува поинаку, затоа што здравствените експерти разбираат дека и покрај лошите ефекти на Ковид-19, можело да биде и полошо. Оваа пандемија не се приближи до апокалиптичните ефекти од грипот од 1918 година, кога починаа околу 100 милиони луѓе во 1918 и 1919 година, или ХИВ, што од 1981 година усмрти 32 милиони луѓе.

Прелевање на животински патогени во човечкиот свет, грипот и ХИВ и вирусот што го предизвикува Ковид-19 се случува во непредвидливи моменти. Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, на состанокот во Претставничкиот дом на 4 јуни истакна: „Ако мислите дека не бевме подготвени за ова, почекајте додека не се појави вистинска глобална закана за нашата здравствена безбедност.“

Ова предвидување ги доведе креаторите на планот до тешка реализација. Не само што на САД ќе им бидат потребни вонредни напори да сфатат што тргна наопаку како одговор на новиот коронавирус, туку подготовките треба да почнат веднаш, без да се чека да заврши сегашната пандемија. Гледајќи назад на своето 15-годишно предвидување, Остерхолм минатата недела истакна дека е клучно да се почне со подготовките веднаш.

– Треба да ги собереме сите можни информации за оваа пандемија и да се запрашаме што можеме да сториме за да се спречи ова повторно да се случи, исто како што тоа го прави Националниот комитет за безбедност во сообраќајот кога ќе ја пронајде црната кутија на урнат авион. Дел од работата треба да се направи додека трае пандемијата, затоа што мораме да дејствуваме брзо засновано на настани, изјави Остерхолм.

Комисијата 9/11, формално Националната комисија за терористички напади врз САД, беше независна двопартиска група собрана од претседателот Џорџ  Буш, една година по нападите во 2011 година на Светскиот трговски центар. За две години спроведуваше сослушувања и истраги и на крајот објави сеопфатен извештај, што во тоа време се читаше како роман, во кој се документира како Владата на САД не успеа да постапи по веродостојни предупредувања за терористички закани.

Заедно со научниците и многу други, како на пример конгресмени, поранешни лидери на здравствени агенции и членови на поранешни истражни комисии, денес говорат дека е нешто слично во САД да ја разберат пандемијата на Ковид-19. Во Претставничкиот дом циркулираат најмалку пет предлози за поведување истрага, покажа анализата на Служба за истражување на Конгресот.

Нема опуштање ниту со вакцината

– Со оглед на колосалната катастрофа што ја доживеавме, мора да има нешто што ќе ја обедини земјата и да утврди на многу јасен начин што ќе се случи следно. Ова треба да го направи истражното тело и ќе ни требаат исклучително лидерство и брзина, изјави Ј. Стивен Морисон, директор на Глобалниот центар за здравствена политика во тинк-тенк групата Центар за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, и додава: „Не треба да размислуваме дали ќе можеме да се опуштиме кога ќе ја добиеме вакцината, без разлика кога ќе се случи тоа и кога ќе се ослободиме од вирусот. Живееме во ново време на почести, поефикасни и брзи зоонски закани.“

Првата задача на кој било денешен еквивалент на Комисијата 9/11 е  да воспостави наратив околу пандемијата, затоа што Американците ги почуствуваа нејзините ефекти многу различно, во зависност од местото на живеење. Сојузната држава Њујорк е најтешко погодена со 388.000 случаи, додека Монтана помина најдобро и имаше само 600 заразени. Но, исто како и со нападот врз Светскиот трговски центар, ако се испита неуспехот на САД оваа година, ќе треба да прифатиме дека се игнорирани повеќе предупредувања, некои од сојузната Влада, некои од академските истражувања, дека доаѓа сеопфатна пандемија.

Во рамките на Центарот за стратегиски и меѓународни студии, постои Комисија за зајакнување на здравствената безбедност, која предвиде минатиот ноември: „САД остануваат слабо подготвени да одговорат на глобалните закани за здравствената безбедност.“

Решението е агенција што предвидува болест?

Но, вториот дел од истрагата за напади на 11 септември вклучува создавање нови структури во рамките на Владата за воспоставување одбрана од идните напади, како што е Министерството за домашна безбедност. Веќе очигледната потреба да се спречи друга пандемиска непогода вклучува создавање изобилство набавки на лекови и опрема за лична заштита. Ковид-19 може да доведе и до нова федерална иницијатива или федерално финансирање за академски иницијативи.

Минатата недела, на пример, истражувачите од Центарот за здравствена безбедност на Универзитетот Џонс Хопкинс, кои напишаа извештај во септември 2019 година, предвидувајќи пандемија, му предложија на Конгресот да формира Национален центар за предвидување на епидемии, Агенција за предвидување на болести засновани на федерални институции што ги предупредуваат Американците за катастрофалните временски услови за да можат да бидат подготвени.

– Начинот на кој се работеше во текот на оваа епидемија беше на Владата на САД да се обрати на планерите, кои претежно се на универзитетите или приватниот сектор и да добива одговори од нив. Тоа никогаш не би го прифатиле во предвидувањето за ураган, изјави инфектологот Том Ингелсбај за „Вајрд“.

Истовремено со тој предлог, истражувачите од Џонс Хопкинс му претставија на Конгресот програма од 1,5 милијарда долари, водена од повеќе федерални агенции што можат брзо да произведат антивирусни лекови, вакцини и дијагностички тестови кога ќе бидат потребни. Оваа цена укажува на тоа дека една од тешкотиите на учење од Ковид-19 ќе биде да се одлучи колку пари земјата е подготвена да инвестира однапред за да се заштити од закани чиешто појавување е непредвидливо.

Наскоро ќе биде објавена нова анализа

Конечно, ставот кон потрошувачката помогна да се претвори американскиот одговор на Ковид-19 во катастрофа. Тоа ги вклучува федерални кратења, Советот за национална безбедност го отпушти глобалниот персонал за здравствена безбедност, Белата куќа го намали буџетот на Центрите за контрола и превенција на болести и решенија на приватниот сектор, како што се производство на заштитни маски во странство за да се намалат трошоците за работна сила.

Постои уште еден аспект на безбедност на татковината со кој САД немаат проблем кога станува збор за организирање на долгорочно трошење. Министерството за одбрана ги предвидува своите потреби за оружје и набавува борбени авиони и транспортни возила со децении однапред. Федералните пари се трошат години пред да се употреби тоа што е купено.

Остерхолм следниот месец повторно ќе објави статија во „Форин аферс“.Тоа ќе биде првична анализа на одговорот на САД на пандемијата со Ковид-19, за која Остерхолм напиша дека „Владата, деловните и лидерите на јавното здравство во голема мерка не успеале“. Остерхолм препорачува воведување на концепти од воена подготовка до микробиолошка одбрана, истражување на закани, рангирање на заканите, моделирање на можни напади и создавање планови за брз и сеопфатен одговор на владата.

Зошто јавното здравство не може да има корист од воениот модел за набавки и производство?

Тој исто така прашува зошто јавното здравство не може да има корист од воениот модел за набавки и производство. Остерхолм минатата недела истакна дека Ковид-19 откри контрадикција. Јавното здравство е принудено да се потпира на приватниот сектор кога ќе се појави итен случај, да набави лабораториски реагенси, скафандери и ракавици, лекови и сите други клучни материјали што се потребни за справување со Ковид-19. Но, приватниот сектор не е охрабрен да ги произведува овие артикли пред да се појави потребата, односно пред компаниите да остварат профит, а производството неминовно заостанува.

Остерхолм тврди дека само Владата на САД има способност да поминува низ годините, и ослободување од притисок од аналитичари и акционери, дека само владата може да почне со развој на вакцини и лекови и веднаш да почне нивно производство штом ќе се појави потреба.

– Јавното здравство е принудено да влезе во слободниот пазар, што не се случува кога станува збор за одбраната. Не разбирам зошто ситуацијата е поинаква кога станува збор за непријател со кој треба да се бориме со оружје во споредба со непријателот наречен заразна болест, истакна Остерхолм.

Покрај деталите за тоа каде се произведуваат резервите и кому се исплаќаат и покрај напорите за поврзување на агенциите и да се зголемат буџетите, проценките по Ковид-19 би можеле да го сменат ставот на САД кон заразни болести. Ова би можело да значи да им се пристапува стратешки, следејќи го воениот модел. Да престанат да се прифаќаат како изненадување, односно да ги прифаќаме како постојана закана.

– Со текот на годините, имавме променливо внимание. За време на криза, луѓето реагираат и кога кризата поминува, тие губат интерес. Ковид-19 треба да ги натера политичките лидери и здравствените лидери никогаш повеќе да не дозволат пандемија да исчезне од нивниот список на приоритети, заклучи Ингелсбај.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*