Копенхаген сака да забрани продажба на алкохол по 20 часот во зоните на ноќен живот


Копенхаген сака да забрани продажба на алкохол по 20 часот во зоните на ноќен живот - МИА

Копенхаген, 15 септември 2020 () – Градоначалникот на Копенхаген Франк Јенсен денеска предложи забрана за продажба на алкохол по 20 часот во деловите на градот каде се одвива ноќниот живот, а таа одлука не е поврзана со пандемијата на коронавирусот, туку со насилство.


 

Јенсен преку соопштение наведува проблеми во одредени делови на Копенхаген, особено во центарот на градот, како што се „зголемена бучава, пијани луѓе на улиците и неприфатливи епизоди на насилство“.

Тој предлага забрана за продажба на алкохол по 20 часот во делови од градот каде се одвива ноќниот живот, потсетувајќи дека до 2005 година, продажбата на пијалоци со повеќе од 2,8 проценти алкохол беше забранета помеѓу 20 и 6 часот наутро.

Според овој предлог, сè уште би било можно да се продава и консумира алкохол во барови и ресторани.