Конте: Постепено олеснување на мерките и стимулативен економски пакет



Во Италија од 4 мај ќе се намалат рестриктивните мерки - МИА

Рим, 30 април 2020 () – Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска изјави дека постепено ќе се олеснуваат мерките преземени поради пандемијата на Ковид-19, земајќи ги предвид разликите во нивото на зараза во различни делови на земјата.

Во говорот пред Парламентот, Конте најави нов стимулативен пакет за поддршка на економијата од 15 милијарди евра за компаниите и 25 милијарди евра кои ќе бидат директно исплатени на вработените и самовработените.

– Мерките за изолација донесени на 9 март постепено ќе бидат укинувани од 4 мај во договор со локалните власти, земајќи ја предвид ситуацијата во регионите во кои епидемиолошката состојба е помалку сериозна, рече Конте.

Тој исто така ги предупреди регионите да не ги намлуваат ограничувањата без консултации.

 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]