Конте: Од понеделник постепено укинување на рестриктивните мерки


Италијанската Влада одобри пакет помош од 55 милијарди евра - МИА

Рим, 17 мај 2020 ()  – Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа соопшти дека од понеделник ќе следи олеснувањето на рестриктивните мерки во земјата, воведени поради епидемијата на коронавирусот, бидејќи бројот на загинати опадна на најниското ниво од 9 март.



Според британските медиуми, тој на прес-конференцијата предупреди на  опасноста епидемиолошката крива, поточно бројот на заболени и мртви, повторно да се зголеми.

Конте кажа дека во Италија, која е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирусот, ќе бидат преземени мерки за заживување на економскиот живот и укинување на ограничувањата за движење на граѓаните.

Од понеделник, 18 мај, повторно се отвораат продавниците, а од 25 мај спортските сали, базените и спортските центри.

Од 3 јуни ќе се отворат границите меѓу регионите во земјата и на граѓаните на земјите од Европската унија ќе им биде дозволено да се движат без ограничувања, без задолжителната карантин на оние што влегуваат во Италија.

Отворањето на театарите и кината е закажано за 15 јуни.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]