Конте доби доверба од Сенатот на Италија


– На италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа му беше изгласана доверба во Горниот дом на италијанскиот Парламент.



Тоа ќе и овозможи на Владата на Конте да остане на власт, иако една од партиите во владејачката коалиција се повлече минатата недела.

Од сенаторите – 156 беа „за“ доверба на Владата на Конте и 140 гласа „против“, додека 16 беа „воздржани“.