Конфискувани четири милијарди долари на поранешниот претседател на Судан


Конфискувани четири милијарди долари на поранешниот претседател на Судан - МИА

Картум, 24 мај 2020 () – Властите на Судан конфискуваа банкарски сметки на поранешниот претседател на земјата Омар ал Башир, на негови роднини и соработници во вредност од четири милијарди долари, објави телевизијата Ал Арабија, повикувајќи се на податоци од суданската Комисија за борба против корупција.

Вредноста на сметките и акциите во различни компании, кои се сопственост на поранешниот шеф на државата, на членовите на неговото семејство и на негови соработници, според првичните проценки изнесува меѓу 3,5 и четири милијарди долари.

Омар ал Башир управуваше со Судан 30 години и е соборен од власт со воен преврат на 11 април минатата година, по масовните протести во земјата.

Армијата формираше времен Воен совет, го распушти Парламемтот и го суспендираше Уставот.

Во септември 2019 година беше формирана преодна влада, а во декември истата година Ал Башир е осуден на две години затвор по обвинение за корупција.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]