Командантот на американската гарда и позитивен и негативен на коронавирусот


Командантот на американската гарда и позитивен и негативен на коронавирусот - МИА

Вашингтон, 11 мај 2020 () – Командантот на американската Национална гарда Џозеф Ленгиел, кој е член на работната група за борба против коронавирусот, за време на викендот доби и позитивен и негативен резултат на тест за коронавирусот.



Генералот Ленгиел наводно бил позитивен во саботата, но резултатот од вториот тест направен истиот ден бил негативен, и тој денеска повторно ќе биде тестиран.

Дипломат кој побарал да остане анонимен, изјави дека и командантот на морнаричките операции, адмиралот Мајк Гилдеј, исто така, имал контакт со член на семејство, кој бил позитивен на коронавирусот.

Гилдеј бил негативен на тестот, но како претпазливост, тој се самоизолирал на една недела.

Ниту Ленгиел, ниту Гилдеј не присуствувале на завчерашниот состанок на американскиот претседател Доналд Трамп со членовите на работната група.

Претходно беше објавено дека главниот советник за коронавирусот Ентони Фаучи и уште двајца лекари се во самоизолација, откако биле во контакт со заразено лице во Белата куќа.

Во Вашингтон постои загриженост затоа што вирусот влезе во најблиското опкружување на американскиот претседател, откако беше откриено дека неговиот личен асистент е позитивен, како и портпаролката на потпретседателот Мајк Пенс, Кејти Милер.


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]