Клуге: Во борбата против Ковид-19 нема место за национализам


СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во Европа се зголеми за 15 отсто - МИА

– Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге порача денеска дека во борбата против пандемијата на коронавирусот нема место за национализам.



– Потребна е кохерентност во делувањето, неопходна е кохерентна политика, истакна Клуге.

Тој изјави дека мора колку е можно побрзо да се обезбеди рамноправна распределба на вакцините, додавајќи дека сега се важни моралот и прагматизмот на Стариот континент.

Зборувајќи за актуелната ситуација, Клуге нагласи дека има добри вести, а тоа е дека во изминатите пет недели бројот на новозаразени лица во сите 53 земји, за кои е надлежен, се намалил за 28 отсто. Исто така, во изминатите три недели и смртноста е намалена за 22 процента.

Според него, сега е важно да се забрза вакцинирањето со веќе испорачаните вакцини.

Клуге истакна дека е потребно зголемување на производствените капацитети, а олеснувањето на мерките мора да се спроведе многу внимателно.

Исто така, смета дека во актуелната ситуација е многу важно проширувањето на можностите за идентификување на новите мутации, со цел да може навреме да се реагира.

Покрај тоа, предупреди Клуге, не смее да се дозволи да имаме „изгубени“ млади генерации поради Ковид-19, додавајќи дека децата над осум годишна возраст треба да одат во училиште.

Тој се повика и на истражувања, според кои, 17 отсто од лицата на возраст меѓу 18 и 24 години имаат психички проблеми, а 50 отсто живеат во страв.