Клуге: Европа го премина прагот од 10 милиони случаи на Ковид-19


СЗО: Над 687 илјади заразени со новиот коронавирус во Европа - МИА

– Европа денеска го надмина прагот од 10 милиони случаи на коронавирус, соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге и посочи дека оваа недела Европа бележи најголема зачестеност на случаи Ковид-19 од почетокот на пандемијата, откако во изминатите седум дена се пројавени 1,5 милиони пациенти.



– Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони за само 14 дена, а денеска Европа го надмина прагот од 10 милиони случаи, рече Клуге на вонредниот состанок во Копенхаген на министрите за здравство во европскиот регион на СЗО посветен на прогнозите за зимата во врска со коронавирусот, се вели во соопштение на СЗО.

Тој додаде дека во повеќето европски земји во период од 14 дена е регистрирана многу висока стапка на инциденца од повеќе од 200 случаи на 100.000 жители.

Клуге истакна дека бројот на хоспитализирани се искачи на ниво што не е забележано минатата пролет, со повеќе од 10 хоспитализирани на 100.000 жители во третина од земјите во Европа.

Тој додаде дека стапката на смртност нагло се зголемила, и минатата недела регистрира раст од 32 проценти низ цела Европа.


Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*