Киргистан: Повеќе од 30 загинати во судирите со Таџикистан


Бројот на убиени државјани на Киргистан во оружените судири на границата со Таџикистан се зголеми на 31, соопшти киргистанското Министерство за здравство.


 

– Според најновите податоци, убиени се 31 лице, а 154 се повредени, истакна портпарол на Министерството.

На границата меѓу Таџикистан и Киргистан, каде вчера се случи оружен судир, денеска повторно е отворен оган, иако беше постигнат договор за прекин на судирот и повлекување на силите.

Регионот повремено станува зона на конфликти, а главна причина се спорни делови на границата.