Кина воведе санкции против 28 американски граѓани, меѓу нив и Мајк Помпео


– Пекинг воведе санкции против 28 американски граѓани за мешање во внатрешните работи на земјата и поткопување на кинеските интереси. Меѓу нив се поранешниот државен секретар Мајк Помпео и трговскиот советник на Доналд Трамп, Питер Наваро, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.


 

„Во последните години, голем број антикинески политичари во Соединетите Американски Држави, засновани врз нивните сопствени политички интереси, предрасуди и омраза кон Кина, занемарувајќи ги интересите на кинескиот и американскиот народ, испланираа и спроведоа низа безумни акции кои претставуваа сериозно мешање во кинеските внатрешни работи и нанесоа штета на нејзините интереси “, се наведува во соопштението.

Нагласено е дека Пекинг одлучи да воведе санкции за 28 лица кои се одговорни за слични постапки на САД кон Кина.