Кина: Тие што си играат со оган, ќе се изгорат



Пекинг: Нападите од САД се стратегија на републиканците пред претседателските избори - МИА

Пекинг, 12 август 2020 () – Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијен денеска упати демарш д САД и порача дека Кина доследно е против официјалната комуникација помеѓу САД и Тајван.

– Тие што си играат со оган, ќе се изгорат, истакна Жао по повод посетата на американскиот министер за здравство Алекс Азар на Тајван.

Азар, за врема на тридневната посета на Тајван, изјави дека Кина избрала да не го предупреди светот за Ковид-19 и оти го предала духот на соработката, кој е неопходен за глобалното јавно здравје.

Жао наведе дека Азар не треба да патува во странство туку да му се посвети на кризата со Ковид-19 во САД

– Апелираме до американската страна да се придржува до принципот за една Кина и да прекине какви било официјални размени со подрачјето Тајван, со што ќе се избегне сериозно нарушување на кинеско-американските односи и соработката во важните области и нема да бидат загрозени мирот и стабилноста во областа на Тајванскиот Проток, посочи Жао. 


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*