Кина: Неопходен закон за Хонгконг


Кина: Неопходен закон за Хонгконг - МИА

Пекинг, 22 мај 2020 () – Кинеските власти соопштија дека е „крајно неопходно“ да се усвои закон за националната безбедност за Хонгконг.


 

– Крајно е неопходно да се воспостави кинеско национално законодавство и да се подобрат правниот систем и извршните механизми за специјалниот административен регион Хонгконг, со цел да се заштити националната безбедност, изјави Џанг Јесуи, портпарол на Секинескиот народен конгрес, кој денеска почнува со заседавање.

Тој на прес-конференција во Пекинг истакна дека разгледувањето на предлог-одлуката за законот е вклучено во дневниот ред на Конгресот.