Кина лансираше нов сателит за вселенски експерименти

SATELIT- KINA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина лансираше ракета-носач Долг марш-6 за да постави нов експериментален сателит во вселената, објави агенцијата Ксинхуа.

Ракетата што го носи експерименталниот сателит Шијан-25 полета во 11:18 часот (по локално време) на 20 јуни од центарот за лансирање сателити Тајуан во северната провинција Шанси. Сателитот успешно влезе во однапред планираната орбита.


Овој сателит главно ќе се користи за извршување нови технолошки експерименти за набљудување на Земјата.

Носачот е развиен од Шангајската академија за воздушна технологија, подружница на Кинеската корпорација за аерокосмичка наука и технологија. (China Aerospace Science and Technology Corporation).

Тристепената ракета со течно гориво има носивост од еден тон за сончева синхрона орбита на надморска височина од околу 700 километри.

Таа е способна да испрати еден сателит или група сателити од различни типови во вселената.

Ова е 477-ма летна мисија од ракетната серија Долг марш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK