Кина испрати кон Тајван 37 ловци и бомбардери, како и седум бродови

avioni_3453435334
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Кина испрати кон Тајван десетици воени авиони, вклучувајќи и ловци и бомбардери, соопшти денеска Министерството за одбрана во Тајпеј.

Тајван за следната недела најави оддржување на годишна воена вежба кога војниците ќе треба да ја проверат борбената готовност за спречување инвазија, а ќе се спроведуваат и редовни вежби за цивилна одбрана со цел подготовка за природни катастрофи и евакуација во случај на воздушен напад, пренесуваат американските медиуми.


Од вчера до утринава во 6 часот по локално време кинеската Народноослободителна армија испрати 37 авиони и седум поморски бродови околу Тајван, се наведува во соопштението на Министерството во Тајпеј.

Авионот вклучувал ловци Ј-10 и Ј-16 и бомбардери Х-6, а 22 идентификувани воени авиони ја преминале линијата на поделба на Тајванскиот теснец, што е неофицијалната граница што се смета за тампон зона меѓу островот и копното, или влегле во идентификациската зона на противвоздушната одбрана на Тајван во близина на неговиот јужен дел, се додава во соопштението.

Од неодамна воени авиони на Кинеската Народноослободителна армија редовно влегуваат во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван, која Пекинг ја смета за своја суверена територија и континуирано ги интензивира маневрите во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK