Кина испраќа медицински персонал во загрозениот Хонг Конг


Кина испраќа медицински персонал во загрозениот Хонг Конг - МИА

Пекинг, 2 август 2020 () – Кина одлучи да испрати повеќе од 50 лабораториски техничари во Хонг Конг поради сериозно зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Си-Ен-Ен јави дека во Хонг Конг заразата е потврдена кај уште 125 лица, со што вкупниот број на пациенти во тој град се зголеми на 3.397, додека бројот на починати во последните 24 часа изнесува 33.

Националната здравствена комисија соопшти дека по барање на специјалната автономна власт на Хонг Конг, и по наредба на Владата во Пекинг, испраќа засилување на здравствените работници поради зголемениот интензитет на епидемијата.

Од провинцијата Гуангдонг ќе бидат испратени околу 50 медицински работници, а од Вухан шест експерти кои треба да помогнат во изградба на болница со 500 кревети во Хонг Конг.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*