Кина и се закани на Германија поради средбата на Маас со Вонг


Кина денеска официјално го повика германскиот амбасадор во Пекинг и се закани со негативни последици за билатералните односи, откако министерот за надворешни работи Хајко Маас се сретна со лидерот на протестите во Хонг Конг Џошуа Вонг.

Кинескиот амбасадор во Берлин, Ву Кен, рече дека Пекинг го „изразил своето длабоко незадоволство“ од „инцидентот“, осврнувајќи се на средбата меѓу Маас и Вонг.

Германското Министерство за надворешни работи потврди дека германскиот амбасадор бил повикан на состанок во кинеското Министерство за надворешни работи.

Ву рече дека кинеската Влада во неколку наврати побарала на Вонг да му биде забранет влез во Германија. Тој додаде дека состанокот ќе има негативни последици за билатералните односи меѓу Кина и Германија.

– Сакам да истакнам дека Хонг Конг и припаѓа на Кина и оти работите што се случуваат во Хонг Конг се предмет на домашната политика на Кина, рече Ву.

Џошуа Вонг, лидерот на продемократското движење во Хонг Конг, денеска во германската Влада во Берлин јавно го осуди полициското насилство и злоупотреба на службената должност за време на актуелните повеќемесечни демонстрации во овој полуавтономен кинески град, јави ДПА.

На прес-конференција во Берлин, Вонг изјави дека Германија треба да престане да извезува полициска опрема на владата во Хонг Конг сè додека протестите траат и додека таа опрема се користи против демонстрантите.

– Акциите зборуваат погласно од зборовите, рече Вонг.

Тој, исто така, од германската Влада побара да ги прекине трговските разговори со Кина сè додека на дневен ред не се стават и прашањата за човековите права. Тој рече дека и санкциите треба да се земат предвид.

Лидерот на протестот во Хонг Конг уште кажа и дека на средбата со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, во понеделникот, ги изразил овие свои барања, што Кина во меѓувреме остро ги критикуваше.

Вонг е во посета на Берлин на покана на весникот „Билд“. Тој пристигна во германската престолнина во понеделникот вечерта и меѓудругите разговараше и со Маас, на настан што весникот го организираше во ресторан на покривот од германскиот Парламент.

Неговата посета на Германија беше одложена за еден ден откако тој беше приведен на аеродромот во Хонг Конг за наводно кршење на условите за кауција.

Клучната фигура во антивладините протести во Хонг Конг подоцна беше ослободен откако судот ги процени условите за кауцијата и му дозволи да го реализира претходно планираното патување и оцени дека неговото апсење било неосновано.

– Хонг Конг е новиот Берлин во новата Студена војна, кажа Вонг на денешната средба со новинарите.

Вести

СЈО го доби дописот од Јовески

СЈО претпладнево го доби дописот, што до нив го испрати државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите. Како што потврдија за МИА од Специјалното обвинителство дописот пристигнал на нивна адреса, а тие утре […]

Вести

Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села

Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април […]

Вести

Мешовитата македонско-бугарската експертска комисија утре и задутре на нов состанок во Софија

Утврдување на препораки до владите и соодветните министерства на двете држави за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение според бугарскиот образовен систем и седмо одделение според македонскиот образовен систем, коишто ги опфаќаат средновековниот […]