Кина ги обвинува САД за застој во односите



– Кина ги обвини САД за застој во односите меѓу двете земји, тврдејќи дека Вашингтон „измислува непријател“, заземајќи непријателски тон за време на состанокот со американскиот заменик државен секретар Венди Шерман.
Шерман пристигна во неделата на ретки директни разговори во северниот град Тијанџин, во време на влошување на односите меѓу двете најголеми економии во светот.
– Американско-кинеските односи се во застој и се соочени со сериозни тешкотии, изјави на состанокот заменик кинескиот министер за надворешни работи Кси Фенг, јави државната телевизија.
Тој додаде дека „САД сакаат да ги разбудат националните чувства прогласувајќи ја Кина за имагинарен непријател“.
Шерман, која ги посети Јапонија, Јужна Кореја и Монголија како дел од нејзината азиска турнеја, денеска ќе се состане со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Тој во саботата предупреди дека Пекинг не се согласува на „супериорна“ улога на Соединетите Американски Држави во однос на Кина, еден ден откако Кина воведе санкции против поранешниот американски секретар за трговија Вилбур Рос и други.
Висок американски функционер ја појасни позицијата на Шерман во разговорите со кинеските колеги, велејќи дека САД се во конкуренција со Пекинг, но во согласност со правилата за да се избегнат конфликти.
Владата на САД и Конгресот ја критикуваа кинеската политика во Хонг Конг и Ксинџијанг, а Сенатот овој месец донесе закон со кој се забранува увоз од регионот поради кршење на работничките права.