Кина апелира до увозниците да избегнуваат замрзната храна


Кина апелира до увозниците да избегнуваат замрзната храна - МИА

Пекинг, 28 септември 2020 () – Властите во Пекинг денеска апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемија на Ковид-19, затоа што примероци од замрзната храна од странство неколку пати биле позитивни на коронавирусот.



– Царината и локалните власти во неколку наврати откриле коронавирус во увезена замрзната храна, соопшти Управата за трговија во Пекинг.

Надлежната служба во кинеската престолнина апелираше внимателно да се следи епидемиолошката состојба и да се избегнува увоз на замрзната храна од земјите погодени од масовното ширење на коронавирусот.

Кинеските власти овој месец го прекинаа увозот на замрзната морска храна од Бразил, Индонезија и Русија.