Ким Џонг Ун најверојатно нема да се обрати на Генералното собрание на ОН


Ким Џонг-ун му ја честиташе на Путин 75-годишнината од победата над фашизмот - МИА

Сеул, 17 септември 2020 () – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најверојатно нема да им се обрати на учесниците на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации преку видео врска, туку тоа ќе го стори севернокорејскиот амбасадор во ОН.



Поради пандемијата на коронавирусот, светските лидери ќе ги презентираат своите говори преку видео врска, но, според претставник на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, Ким Џонг Ун најверојатно нема да биде меѓу говорниците.

Според јужнокорејската новинска агенцијаЈонхап, предвидено е Ким Сонг, амбасадор на Северна Кореја во ОН, да зборува на сесијата на 29 септември, последниот ден од општата дебата, што започнува во вторник.

 


Вести

Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија

Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди за МИА владиниот портпарол Душко Арсовски. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Вести

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба. Предлогот ќе биде […]

Бизнис и економија

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

-Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се прогласи како неработен ден, потребно е да се направи само дополнување на законското решение во кое ќе се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*