Киев: Украинските сили напредуваат во јужните сектори на контраофанзивата

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските сили напредуваат во јужните сектори на својата контраофанзива против руските окупаторски трупи, соопштија синоќа украински воени претставници.

Последниот извештај за контраофанзивата, како и извештајот за „очајниот отпор“ на руските трупи на исток, беше објавен откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека движењето во контраофанзивата е „најважното нешто“.


– Секој војник, секој нов чекор што го правиме, секој метар украинска земја ослободена од непријателот е од најголема важност, рече синоќа Зеленски во своето редовно видео обраќање.

Светските агенции нагласуваат дека не може да се потврди ситуацијата на бојното поле. Русија официјално не го признава напредокот на Украина во раните фази на контраофанзивата и тврди дека им нанела големи загуби на силите на Киев во изминатите 24 часа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK