Канада има поамбициозна цел за намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 година


Канадскиот премиер Џастин Трудо најави поамбициозни климатски цели за неговата држава.


 

– До крајот на деценијата, емисиите на штетни гасови треба да се намалат за 40 до 45 проценти во споредба со нивото од 2005 година, изјави Трудо на онлајн самитот за климатски промени, чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден.

Трудо истакна дека целта е „нулта“ емисија на шетни гасови до 2050 година.

Претходно, Канада имаше поставено цел за намалување на емисиите на штетни гасови за 30 проценти до 2030 година.

Бајден покани 40-на шефови на држави и влади на дводневниот онлајн самит за климата во обид големите економии да постават повисоки цели за намалување на нивото на штетни гасови со ефект на стаклена градина.