Камион удри во заштитната ограда на Белата куќа

bela-kuka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уапсен е возачот на камионот, кој синоќа удри во заштитната ограда на плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, соопшти портпаролот на американската тајна служба.

„Нема повредени меѓу членовите на Тајната служба и персоналот на Белата куќа, а причината и начинот на судирот се уште се истражуваат“, напиша на Твитер портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми.


Неколку улици и пешачки патеки се затворени, соопшти Тајната служба, а телевизијата Фокс 5 објави дека блискиот хотел Хеј Адамс е евакуиран.

Телевизијата WUSA прикажа снимка од камионот запира покрај оградата и како униформирани полицајци се приближуваат до возилото.

Возачот двапати удрил во оградата, објави WUSA, повикувајќи се на изјави на сведоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK