Јужна Кореја: Нови жаришта на коронавирус ги враќаат укинатите мерки


Јужна Кореја: Нови жаришта на коронавирус ги враќаат укинатите мерки - МИА

Сеул, 29 мај 2020 () – Новите жаришта на коронавирус во јужнокорејскиот главен град Сеул властите ги прогласија за „кризна состојба“ и повторно се воведени одделни рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Затворени се повеќе од 200 училишта, а повторното отворање на неколку стотина образовни институции е одложено.

Здравствените власти побараа од граѓаните во текот на следните две недели да се придржуваат кон превентивните мерки, кои подразбираат физичко дистанцирање и зајакнати мерки на претпазливост.

Парковите и музеите во Сеул и околните места се затворени, а од луѓето е побарано да ги избегнуваат масовните собирања.

Во Јужна Кореја немаше воведено полициски час, туку властите се потпреа на личната одговорност на граѓаните и масовното следење и тестирање.

Повеќето новозаразени лица се поврзани со дистрибутивен центар во северниот дел на Сеул. Вирусот е откриен на чевлите и облеката на еден работник во центарот, а властите се загрижени бидејќи новото жариште е во близина на најнаселената област.

Во последните 24 часа се регистрирани најмалку 56 нови случаи на коронавирус.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]