Јужна Африка: Повеќе од 70 загинати во пожар во петкатница во Јоханесбург

pozar johanesburg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 73 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога пожар избувна во станбен блок во јужноафриканскиот град Јоханесбург, соопштија властите.

Официјални лица велат дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот во петкатницата во центарот на градот.


Роберт Мулауџи, портпарол на службата за итни случаи, изјави за Би-Би-Си дека пожарникарите успеале да спасат некои жители.

Тој изјави и дека објектот е целосно опожарен и дека потрагата по жртви продолжува.

„Никогаш не сум видел вакво нешто во мојата 22-годишна служба“, изјави пожарникарот за локалната телевизија.

Според првите извештаи, станарите на зградата биле претежно мигранти од други африкански земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK