Јункер пред средбата со Џонсон: Европа никогаш не го губи трпението


Европа никогаш не го губи трпението, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред средбата со британскиот премиер Борис Џонсон посветена на Брегзит.

Денешната средба во Луксембург со Јункер ќе биде прва откако Џонсон ја презеде функцијата во јули.

Според најавите, Џонсон ќе му пренесе на Јункер дека Велика Британија не е подготвена да бара одложување на Брегзит после 31 октомври.

Секретарот за надворешни работи Доминик Рааб рече дека премиерот ќе истакна дека сака договор, но за тоа мора да има „одредена финалност“. Сепак, поранешниот министер Дејвид Гаук за Би Би Си истакна дека не постои детален план кој би бил алтернатива на спорниот заштитен мхенизам за ирската граница.

На работниот ручек во Луксембург ќе присуствува и преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние, како и британскиот секретар за Брегзит Стив Баркли и британскиот преговарач Дејвид Фрост.

Вести

Парламентот и изгласа недоверба на Владата на Молдавија

Пратениците во молдавскиот Парламент денеска  и изгласа недоверба на владата. Владата доби доверба од 63 пратеници, додека 101 го поддржаа предлогот за недоверба на  владата. Владата предводена од премиерката Маја Санду беше избрана само пред […]

Вести

Холандскиот сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Информација на неговиот Фејсбук профил ја сподели министерот за надворешни работи Никола Димитров. По добивањето зелено светло од Холандија, Протоколот за НАТО […]

Вести

На судењето за „Трезор“ се репродуцираат снимки од главната расправа

Со репродуцирање на снимките од главна расправа од септември минатата година на која се изведуваат материјални докази, во Кривичниот суд  денеска продолжи судењето за набавката на опрема за следење на комуникациите за потребите на Петтата […]