Јенс Шпан: Ризикот од коронавирусот не поминува


Германија/Ковид-19: За првпат бројот на излекувани поголем од бројот на заразени - МИА

Берлин, 24 јуни 2020 () – Германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна денеска дека ризикот од коронавирусот не поминува, откако вчера беа воведени итни мерки во државата Северна Рајна-Вестфалија во два града каде епидемијата повторно избувна.


 

Во градовите Гетереслох и Варендорф повторно се воведени мерки за вонредни состојби, што претходно беа, од крајот на април, постепено укинати во цела Германија.

– Гледаме дека вирусот се шири повторно и многу, многу брзо ако оставиме доволно простор за тоа. Вирусот се уште е меѓу нас, предупреди германскиот министер во изјава за радио АРД.