Јапонската пливачка Охаши го освои второто злато на Олимпијадата во Токио


 Јапонката Јуи Охаши освои злато на Олимписките игри во Токио во пливачката трка на 200 метри мешано.


 

За Охаши ова злато беше второ на Игрите во нејзината земја. На 25 јули таа стана олимписки шампион во трката 400 метри мешано.

Охаши и го донесе на Јапонија 11. злато на Олимпијадата.

Американката Алекс Волш освои сребро, додека бронзениот медал и припадна на Кејт Даглас исто така од САД.

Постигнати времиња на трите првопласирани:
1. Јуи Охаши (Јапонија) – 2.08.52 минути
2. Алекс Волш (САД) – 2.08.65
3. Кејт Даглас (САД) – 2.09.04.