Јапонија и Велика Британија постигнаа историски договор за соработка во повеќе области

20230518212719_big_730x400_12
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонија и Велика Британија денеска се согласија да соработуваат за широк спектар прашања, вклучувајќи одбрана, чиста енергија, кибер безбедност и полупроводници.

Договорот беше објавен за време на разговорите меѓу британскиот и јапонскиот премиер Риши Сунак и Фуми Кишида пред самитот на Групата седум водечки либерални демократии во Хирошима, Јапонија.  Двете страни велат дека договорот ќе ја зајакне нивната соработка во економската, безбедносната и технолошката област.


„Јапонија и Обединетото Кралство се поврзани со заеднички вредности на слобода, демократија, владеење на правото, основни човекови права и отворена и фер трговија. Овие вредности се во срцето на нашите намери да работиме заедно за глобална безбедност, отпорност и иновации“, се наведува во договорот.  Договорот вклучува планови за партнерство во полупроводници за подобрување на синџирот на снабдување на компоненти од витално значење за автомобилите, воената технологија и многу современи производи за широка потрошувачка.  Исто така, вклучува нови заложби за продолжување на соработката во истражување и развој и размена на вештини, зајакнување на домашните сектори и зајакнување на отпорноста на синџирите на снабдување на се поконкурентниот пазар, се вели во соопштението на британската влада.

Претходно денеска, Сунак рече дека јапонските компании ветиле дека ќе инвестираат 17,7 милијарди фунти во проекти за чиста енергија.  Велика Британија се обидува да развие поблиски врски со Јапонија и другите азиски земји откако ја напушти Европската Унија. Како дел од тие напори, таа официјално поднесе барање за приклучување кон регионалниот трговски блок Транс-пацифичко партнерство (CPTPP).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK