Јапонија и испраќа на Украина околу 100 воени возила и 30.000 пакети со храна

ukraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека Јапонија ќе испрати околу 100 воени возила и околу 30.000 пакети со храна во Украина.

За време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Г7 во Хирошима, тој исто така рече дека Јапонија може да прими ранети украински војници, објави „Киев Индипендент“.
Кишида рече дека лидерите на Г7 се обединети „повеќе од кога било“ по прашањето за руската војна против Украина и увери дека неговата земја „силно ќе го поддржи Киев во сите аспекти“, вклучително и воведувањето санкции против Русија.


Кишида рече и дека руските нуклеарни закани се „неприфатливи“.

Тој додаде дека Јапонската банка за меѓународна соработка ќе обезбеди 674 милиони долари самурајски обврзници за Полска за помош на украинските бегалци.
Исто така, Јапонија планира да и пружи помош на Украина за реконструкција на уништените објекти во износ од 7,6 милијарди долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK