Јапонија: 14 нови заболени од Ковид-19


– Јапонски владини претставници потврдија 14 нови случаи на заболени од новиот коронавирус, додека здравствените власти се борат за да спречат епидемија.



Меѓу заразените е учителка од средно училиште во префектурата Чиба источно од Токио, која отишла на работа и покрај тоа што имала симптоми. Тоа поттикна стравувања дека вирусот може да се прошири кај нејзините ученици и колеги. Учителката имала првични симптоми на 12 февруари и била хоспитализирана на 19 февруари, јавуваат локалните медиуми. Локалната самоуправа донесе одлука да го затвори училиштето два дена од 25 февруари

Токио се подготвува да биде домаќин на Летните олимписки игри во јули. Веќе има над 100 позитивни на тестови за новата болест слична на грип, која досега предизвика смрт на над 2.300 луѓе во Кина.