Извештај: Пјонгјанг веројатно развил нуклеарни уреди што одговараат за балистички ракети



Извештај: Пјонгјанг веројатно развил нуклеарни уреди што одговараат за балистички ракети - МИА

Њујорк, 4 август 2020 () – Северна Кореја ја продолжува со својата програма за развој на нуклеарно оружје, а неколку држави веруваат дека „веројатно развиле минијатурни нуклеарни уреди што можат да се вметнат во боеви глави на балистички ракети“, се наведува во доверлив извештај на ОН.

Тие држави што не се споменети во извештајот, веруваат дека претходните шест севернокорејски нуклеарни тестови му помогнале на Пјонгјанг да развие минимални нуклеарни уреди.

Пјонгјанг не извршил нуклеарен тест од септември 2017 година.

Извештајот на независните експерти кои ги следат санкциите на САД, беше поднесен до Советот за безбедност на ОН.

„Демократската народна Република Кореја ја продолжува својата нуклеарна програма, вклучително и производство на високо збогатен ураниум и изградба на експериментален реактор за лесна вода. Една земја-членка проценува дека Пјонгјанг продолжува да произведува нуклеарно оружје“, се вели во извештајот.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*