Израелскиот Парламент го усвои клучниот дел од законодавниот пакет за реформи во судскиот систем, откако мнозинството пратеници во 120-члениот Кнесет го поддржа Законот за ограничување на овластувањата на Врховниот суд, јавија светските агенции.
Нормативниот акт е донесен со 64 гласа „за“ и ниту еден против, соопшти претседателот на Собранието, откако пратениците од опозицијата во знак на протест ја напуштија пленарната сала.