Израел успешно лансираше шпионски сателит


Израел успешно лансираше шпионски сателит - МИА

Тел Авив, 6 јули 2020 () – Министерството за одбрана на Израел соопшти дека рано изутринава успешно е лансиран нов шпионски сателит, кој, според официјалните лица, ќе и даде на земјата уште едно средство за набљудување на бројните закани во регионот.

„Офек 16“ е додаден во флотата израелски шпионски сателити лансирани во последните две децении, но државата не открива колку од нив се оперативни.

Амнон Харари, кој раководи со Управата за вселена и сателити во Министерството за одбрана не идентификуваше специфични закани.

– Сите групи на сателити се користат за да се следи која било закана по државата Израел, за кои знаете дека некогаш се далеку и непосредни, така што е неопходен постојан мониторинг, вели Харари.

Новиот сателит беше развиен од Министерството заедно со државната Воздухопловна вселенска индустрија на Израел. Како што е наведено, „Офек 16“ бил лансиран во вселената во 4,00 часот од воздухопловната база Палмахим, во централниот дел на Израел.

Опишан е како „електро-оптички сателит за набудување со унапредени можности“. Се очекува да почне да испраќа фотографии за околу една седмица.

 


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Од денеска почнуваат разговори за новата влада

Скопје, 4 август 2020 () – По одржувањето на конститутивната седница на Собранието, од денеска почнуваат и разговорите за формирање на новата влада. Партиите кои по изборите неофицијално ги почнаа разговорите, се очекува од денеска […]

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи - МИА
Вести

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи

Скопје, 4 август 2020 () – Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата - МИА
Вести

Бројот на починати од Ковид-19 достигна 500, вирусот најризичен за постарите лица

Скопје, 4 август 2020 () – Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*