Израел склучи договор за оружје со САД во вредност од неколку милијарди долари


–  Израел соопшти дека постигнал договори за оружје во вредност од неколку милијарди долари со САД за купување на авиони Боинг за полнење гориво во воздух. Израел се договори со американската влада да купи дванаесет хеликоптери CH-53K од Локхид Мартин и два транспортни авиона Боинг КЦ-46 за полнење гориво, јави ДПА.

 

 

Вкупната вредност на зделката е околу три милијарди долари. Првите хеликоптери треба да пристигнат во 2026 година, а Израел неодамна побара од САД да ја забрзаат испораката на авиони за полнење гориво, објави Њујорк Тајмс.

Сегашната флота на израелски воздушни танкери е стара над 50 години. Новите KC-46 ќе му дадат на Израел поголем радиус и можности бидејќи самите овие авиони можат да примаат гориво во воздухот. САД тврдат дека првите авиони не можат да пристигнат пред крајот на 2024 година. Весникот тврди дека тие ќе бидат исплатени со средства на американските даночни обврзници, односно годишната воена помош на Вашингтон за Израел.

САД минатата година му дадоа на Израел помош од 3,8 милијарди долари, главно за воени цели. Годишната обврска беше воведена за време на претседателот Барак Обама, кој во 2016 година потпиша договор за десетгодишна помош во вредност од 38 милијарди долари, јави Би-би-си.