Израел: Не напаѓаат од седум фронта, само на еден не возвративме

Израел-Не-напаѓаат-од-седум-фронта-само-на-еден-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Војната на Израел против Хамас ќе трае со месеци, најави началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви во изјава за медиумите. Халеви им рече на новинарите на границата со Газа дека војната ќе трае „многу месеци“.


„Нема магични решенија, нема кратенки за уништување на терористичка организација, само решителна и упорна борба“, рече Халеви.

„Ќе дојдеме и до раководството на Хамас, без разлика дали ќе биде потребно една недела или месеци“.

Израелските акции се интензивираа околу Божиќ, особено во централниот дел на Појасот Газа. Израелската армија им порача на цивилите да ја напуштат областа, иако многумина рекоа дека нема каде безбедно да одат.

Во Вашингтон, израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер требаше во вторник да се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со советникот за национална безбедност Џејк Саливан за да разговараат за војната и враќањето на заложниците, соопшти Белата куќа.

Во последниве недели, Вашингтон отворено вршеше притисок врз Израел да ја намали војната од сеопфатен воен напад во целна операција против лидерите на Хамас. Израел вели дека нема да престане да се бори додека Хамас не биде целосно уништен.

Советникот на Нетанјаху, Марк Регев, изјави за Си-ен-ен дека уништувањето на Хамас, кој владее со Газа од 2007 година, „е предуслов за подобра иднина и за Израелците и за Палестинците“. „Нема да имате демилитаризирана и дерадикализирана Газа без претходно да го уништите Хамас. Не можете да имате реконструкција во Газа, обнова на животите на луѓето без претходно да се справите со Хамас“, додаде Регев.

Војна на повеќе фронтови
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им рече на членовите на Кнесетот, израелскиот парламент, дека Израел води војна на повеќе фронтови и, заедно со Иран, ги наведе областите каде дејствуваат милитантите поддржани од Иран.

„Ние сме во војна на повеќе фронтови и нè напаѓаат од седум области: Газа, Либан, Сирија, Јудеја и Самарија (Западниот брег), Ирак, Јемен и Иран“, рече тој.

Тој додаде дека Израел одговорил на нападите во шест области, без да прецизира на која сè уште не дејствувал. Во Индија дошло до експлозија во близина на израелската амбасада во Њу Делхи. Властите соопштија дека нема повредени вработени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK