Израелското Министерство за одбрана набавува 40.000 шатори како подготовка за евакуација на населението од Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа што Израел планира да го нападне за да ги уништи преостанатите баталјони на милитантната група Хамас, објавија израелските медиуми.
Министерството се уште официјално го нема потврдено тој план, но веќе има протекување информации, пишува весникот Jerusalem Post, еден од многуте медиуми кои известуваа за него.
Веста за планираното купување шатори, во кои може да се сместат 12 лица, е еден од првите конкретни знаци за подготовките за евакуација на Рафа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неколку наврати најави дека е планирана инвазија на Рафа, последниот преостанат град во Газа.