Израел лансираше ракети над Дамаск

raketa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во израелски воздушен напад врз сирискиот главен град Дамаск, еден сириски војник е „тешко повреден“, а причинета е и материјална штета, јави државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на воен извор.

Сириската противвоздушна одбрана пресретна проектили лансирани од Израел во 01:05 часот од Голанската висорамнина и собори некои од нив, изјави изворот.


Експлозиите кои се слушнаа во близина на Дамаск, откако Израел изврши воздушен напад, беа пријавени денеска наутро од сириската државна телевизија.

– Цел на израелската агресија биле некои области во околината на Дамаск.

Израел со години истрелува проектили кон Сирија, тврдејќи дека цели на цели поврзани со Иран. Влијанието на Техеран врз земјата разорена од војна се зголеми откако застана зад претседателот Башар ал Асад во конфликтот, што трае од 2011 година.

Израелските воени експерти посочуваат дека целта на нападот е да се запре зголеменото воено присуство на Иран во Сирија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK