Изборниот штаб на Трамп поднесе жалби за гласањето во неколку сојузни држави




 

Изборниот штаб на американскиот претседател, Доналд Трамп, поднесе жалби во Пенсилванија, Мичиген и Џорџија, поставувајќи основа за оспорување на гласањето во земјите каде заостанува зад демократот Џо Бајден.

Новите жалби, кои се приклучуваат на постојните тужби на републиканците во Пенсилванија и Невада, бараат подобар пристап на набљудувачите од штабовите до локациите каде се обработуваат и бројат гласачките ливчиња и изразуваат загриженост за гласањето во отсуство, соопштија од штабот на Трамп, пренесе АП.

„Штабот на Трамп се обидува да интервенира и во случајот Пенсилванија во Врховниот суд, со прашањето дали може да се избројат ливчињата добиени до три дена по изборите“,  изјави заменик-менаџерот на кампањата, Џастин Кларк.

Републиканците исто така најавија дека ќе бараат пребројување на гласовите во Висконсин.

Менаџерот на кампањата Бил Степиен ги наведе „неправилностите во неколку окрузи во Висконсин“, без да наведе детали.