Италијански инфектолог тврди дека епидемијата во Италија завршила


Италијански инфектолог тврди дека епидемијата во Италија завршила - МИА

Рим, 12 јули 2020 () – Експертот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни болести во Џенова, вели дека епидемијата на Ковид-19 во Италија поминала и оти тоа може да се види од бројките.

– Оној што ја следи епидемиолошката ситуација во Италија може да мисли дека сè уште сме во екот на епидемијата на коронавирусот. Сите вести почнуваат со дневни извештаи за бројот на заразени и хоспитализирани. Но, тоа е погрешен впечаток. Епидемијата на Ковид-19 помина, и тоа се гледа од бројките: имавме 4.000 пациенти на интензивна нега, а денес во земја со над 60 милиони жители, само 60, вели доктор Басети.

Тој ја критикуваше тенденцијата секојдневно, како воени извештаи, да се зборува за раст на заразени лица без анализа на податоците за тоа колку се асимптоматски, колку се хоспитализирани и слично.

Во ниту една земја не се прави така, само во Италија, тврди доктор Басети.

– Се инсистира на негативни податоци и се заборава дека Италија беше прва на удар на пандемијата и оти успеавме да излеземе од кризата, вели инфектологот.

Според него, проблемот е во комуникацијата и тој ги гледа виновниците во локалните институции, медиумите, но и меѓу „експертите“ на кои им припаѓа.

– Тоа инсистирање на негативните работи само ги збунува луѓето, ги плашиме, а здравствената криза, барем што се однесува до Италија, заврши, заклучи Басети.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*