Италија: Владата ќе ги брише податоците од апликација за следење заразени со коронавирусот


Италија: Владата ќе ги брише податоците од апликација за следење заразени со коронавирусот - МИА

Рим, 30 април 2020 () – Италијанската Влада издаде указ со кој податоците собрани преку мобилна апликација што го олеснуваат следењето лица кои биле во близок контакт со заразени лица од коронавирусот, ќе бидат целосно анонимни. Покрај тоа, сите тие податоци ќе бидат избришани до крајот на годината.

Премиерот Џузепе Конте изјави по вчерашната седница на кабинетот, кој го одобри законот во форма на декрет, дека тој лично ќе осигура дека оние што одбиваат да ја користат телефонската апликација нема да бидат предмет на ограничувања за движењето или нивните други права.

Здравствените власти во државата охрабруваат употреба на апликацијата како клучна алатка против ширењето на коронавирусот и против втор бран зарази.

Владата, исто така, одлучи дека секое барање за куќен затвор на осудените мафијаши по основ на Ковид-19 треба да биде одобрено од Обвинителството, а ако се работи за криминални шефови, од страна на националниот анти-мафијашки обвинител. Таа одлука се донесе откако обвинителите изразија загриженост дека мафијаши може да ја користат пандемијата за да излезат од затвор.


Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните - МИА
Вести

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Скопје, 3 јули 2020 () – Ветувања за правна држава, нулта корупција, за повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, во младите и поддршка за занаетчиството испорачаа политичките субјекти во земјава на десеттина […]