Италија ќе преземе правни мерки поради доцнењето во испораката на вакцини


Италија ќе преземе правни мерки против компаниите „Фајзер“ и „АстраЗенека“ поради доцнење во испораката на вакцините, со цел да се забрза доставата, наместо да бара надомест на штета, предупреди денеска италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.



– Правиме сè за да не мора да го менуваме планот за вакцинација. Ги активиравме сите канали, со цел Европската комисија да стори сè за да ги натера овие господа да ги почитуваат нивните договорни обврски, изјави Ди Мајо за РАИ.