Италија ќе ја укине помошта за Тунис поради големиот број на мигранти



Италија ќе ја укине помошта за Тунис поради големиот број на мигранти - МИА

Рим, 1 август 2020 () – Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо одлучи да ја укине помошта за Тунис во висина од 6,5 милиони евра, која е во рамките на програмата Соработка за развој.

Тоа е една од мерките што ги презема италијанската Влада за да го стопира доаѓањето мигранти од Тунис, кои во првите шест месеци од годинава се помеѓу најбројните што пристигнуваат во Италија.

Тунис се соочува со економска криза, па се е поголем бројот на лица кои се обидуваат да пристигнат во Италија и во Европа. Тунис спаѓа во безбедни земји, без војна и внатрешни конфликти, па затоа сите Тунижани кои нелегално ќе пристигнат во Италија ќе бидат вратени. Но, проблемот е во тоа што процесот на депортација е долг и скап.

За разлика од претходната италијанска влада на Матео Салвини, чија политика беше затворање на италијанските пристаништа за мигрантите, Владата на премиерот Џузепе Конте, се обидува да го спречи поаѓањето на мигранти од туниски пристаништа. 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*