Италија ја тужи Австрија: насилство и политичка ароганција

Италија-ја-тужи-Австрија-насилство-и-политичка-ароганција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанската влада ќе ја тужи Австрија пред судот на ЕУ за блокирање на преминот „Бренер“ на границата на двете земји, изјави италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.


Тој рече дека чинот на Австрија претставува „чин на насилство и политичка ароганција“, објави „Еурактив“.

Салвини ја осуди Австрија за блокирање на патувањето на италијанските превозници преку австриска територија и што неодамна најави гранични контроли на границата со Италија за да се спречи преминувањето на илегални мигранти кои во последниве недели во се поголем број пристигнуваат на италијанските брегови.

По четири години недејствување на Европската комисија (ЕК), Италија одлучи официјално да ја активира процедурата со која на една земја членка на ЕУ и се дава право да покрене тужба пред Европскиот суд на правдата против земјите-членки за кршење на правото на Унијата, рече Салвини, истакнувајќи дека ЕК требало да ја покрене оваа постапка.

Салвини истакна дека Италија во овој момент верува во правдата на Европскиот суд.

Тој потсети дека Австрија воведе рестрикции наводно од еколошки причини, но тврди дека заштитата на животната средина воопшто не е во прашање, туку нелојалната австриска конкуренција кон италијанските и германските претприемачи и превозници и кон целиот европски континент.

Преминот „Бренер“, според написите, е еден од главните крстосници меѓу јужна и северна Европа, а австриското блокирање на границата беше критикувано и од соседна Германија, која исто така беше казнета за ограничувањата воведени во транспортот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK