Италија дебатира за контроверзниот закон: „Ова ќе ја отвори вратата за мафијата“

Италија-дебатира-за-контроверзниот-закон-„Ова-ќе-ја-отвори-вратата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијански сенатори ќе разговараат за предлогот на десничарската влада за декриминализирање на злоупотребата на власта. Најавата на потегот создаде тензии со ЕУ и предизвика стравувања дека мафијата ќе се инфилтрира во јавниот сектор, пишува Гардијан.


Јавните функционери можат да бидат осудени за злоупотреба на службената должност, што вклучува градоначалници и локални администратори кои ја искористиле својата позиција за некој да има корист. Казната за ова во моментов може да биде до 4 години затвор.

Министерот за правда, Карло Нордио, смета дека криминалот е премногу широко дефиниран во законот и дека локалните политичари и државните службеници затоа се плашат да стават потпис на проекти, што предизвикува економска штета. Други, како адвокатот Џузепе Инзерило, веруваат дека декриминализацијата ќе ја отвори вратата на мафијата и ќе ги поврзе политиката и организираниот криминал.

Во Брисел, портпаролот на Европската комисија изјави дека декриминализацијата на актот ќе има ефект врз борбата против корупцијата. Злосторството за злоупотреба на власта постои во 25 од 27-те земји на ЕУ, а Брисел би сакал да биде воведен во сите нив.

Инзерило коментира дека во Италија ситуацијата е многу специфична бидејќи законот често се користи за политички цели, кога се отвораат истраги за корупција против политичките ривали, особено во помалите градови.

„Ќе ви дадам пример, доколку градоначалникот треба да распише тендер за изградба на канализација, би можел да добие најповолна понуда од некој познаник, што е многу вообичаено во малите градови. Во тој момент опозициската партија во градот може да го пријави кај властите затоа што сака да го фаворизира својот познаник. Како резултат на тоа, многу градоначалници и други функционери едноставно избегнуваат да вршат јавни работи поради страв дека нивните противници ќе ги тужат за злоупотреба на службената положба“, објаснува Инзерило.

Од друга страна, Италија има големи проблеми со организираниот криминал. Во ноември минатата година, судот осуди над 200 членови на криминални групи за уцена и поткуп. Истражителите пронајдоа докази за тактики што ги користела мафијашката организација Ндрангета во Калабрија за да ја контролира локалната заедница, а овие тактики вклучуваат физички напади, уцени и корупција. Меѓу осудените имало и државни функционери осудени за злоупотреба на службената положба.

Планот денеска беше претставен пред Сенатот, Горниот дом на италијанскиот парламент, а сенаторите ќе гласаат за него можеби веќе утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK