Истражување: Во Израел со вакцинацијата ќе се испразнат ковид болниците


Од 1,82 милиони жители на Израел кои први се вакцинираа, само 0,07 проценти се заразиле со коронавирусот, покажуваат резултатите од најновата израелска студија за ефикасност на вакцините.
Едно од 1.500 целосно вакцинирани лица имало позитивен тест за Ковид-19, што се смета за најсилно навестување досега дека распространетата имунизација ќе ги испразни ковид одделенијата, објавија израелските медиуми.
Станува збор за Израелци вакцинирани на почетокот на минатиот месец.
Заклучно со 25 февруари, според податоците на Министерството за здравство, само 1.248 биле позитивни.
Во Израел досега претежно се користеше вакцината на „Фајзер/БиоНТек“.