Истражување: Секој трет човек кој прележал КОВИД-19 се здобива со психолошки нарушувања


Според истражувањето објавено во Lancet Psychiatry, секое трето лице кое го прележало вирусот КОВИД-19 има нарушување на менталното здравје или невролошки симптоми. Истражувачите откриле дека 34% од заразените од КОВИД-19 добиле дијагноза за невролошка или психолошка состојба во рок од шест месеци по детектирање на вирусот.


 

Најчеста дијагноза е анксиозност, откриена кај 17% од пациентите, проследена со нарушувања на расположението, откриени кај 14% од пациентите.

Резултатите помагаат да се даде насока на здравствениот систем за да им ја пружи потребната нега на оние кои што веќе го прележале вирусот, велат истражувачите.

„Нашите резултати покажуваат дека болеста влијае на мозокот и психијатриските нарушувања се почести по КОВИД-19 отколку по грип или други респираторни инфекции, дури и кога пациентите се подложни и на други фактори на ризик. Сега треба да видиме што ќе се случи по шест месеци “, вели Максим Такет, академски клинички соработник по психијатрија на Универзитетот во Оксфорд и коавтор на новата студија.