Истражување: Ковид-19 не се пренесува со мајчино млеко


– Мајчиното млеко е безбедно за бебето и, ако мајката е заразена со коронавирусот, тој нема да се пренесе на бебето преку доење. Ова, според ново истржување на Одделот за неонатологија при Универзитетот на Торино.

– Микробиолошките анализи покажаа дека коронавирусот не се пренесува од мајка на бебе, што е многу важно, нагласи професорот Давид Лембо, кој го водеше испитувањето. – Антивирусното дејство на мајчиното млеко е тестирано неколку години, но сега се откриени нови компоненти кои можат и да го заштитат новороденчето од вирусите.

Следствено, проф. Лембо препорачува, освен во посебни случаи, мајките да го дојат своето дете, бидејќи тоа е „еден од најважните извори на здравје и силен имунитет“ кај бебето.

Истражувањето е објавено во меѓународното научно списание „Фронтиерс ин педијатрикс“ (Frontiers in Pediatrics) и дополнително ги потврдуваат препораките на Светската здравствена организација (ОМС) дека и мајки заразени со коронавирусот можат и треба да ги дојат своите бебиња… Притоа почитувајќи ја хигиената, заштитните мерки, како што е носењето заштитна маска, миење раце, чистење и дезинфекција на користените површини и предмети. 


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*